Сензационално: Нејмар се враќа во Барселона?!

28.03.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сензационално: Нејмар се враќа во Барселона?!

Сензационални вести од Каталонија. Нејмар изразил голема желба да се врати во Барселона, од каде во 2017 година го направи, сеуште најголемиот трансфер во историјата од 222 милиони евра, во ПСЖ.

Имено Бразилецот е во контакт со претседателот на Барса, Хоан Лапорта и му кажал дека нема ништо против тој да се врати во каталонската гордост.

Секако дека тешко би се остварил овој трансфер претстојното лето, но во јуни 2025 шансите за такво нешто се големи.

Инаку Нејмар, кој заздравува од тешката повреда на лигаментите на коленото, е член на Ал Хилал каде заработува 150 милиони евра годишно, но е спремен да го отфрли сето тоа богатство само да му се врати на вистинскиот фудбал.

Пред неколку недели излегоа информации дека тој е заинтересиран да потпише и за Интер Мајами, каде би играл заедно со Меси и Суарез, страшната тројка која ја предводеше Барса до пехарот во Лигата на Шампионите во таа 2015 година.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата