Ремито без голови го остави Мексико во солзи

1.07.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ремито без голови го остави Мексико во солзи

Дуелот меѓу Еквадор и Мексико од групата „Б“ на Копа Америка заврши без победник 0-0. Ремито беше добредојдено за Јужноамериканците, кои се пласираа во елиминациите, додека Мексиканците испаднаа од турнирот.

Мексиканците имаат за што да жалат. Три пати тие тврдеа дека треба да им биде доделен пенал во нивна корист. Во последниот таков случај, на крајот од натпреварот, судијата дури и првично свиреше, но откако ја разгледа ситуацијата со ВАР, реши дека треба да ја откаже својата одлука.

Свои шанси на оваа средба имаше и Еквадор, но не ги искористи. Мексико заврши како трет, додека Еквадор заедно со Венецуеала од оваа групта одат понатаму. Венецуела славеше убедливо против Јамајка со 3-0 на последниот меч од групната фаза.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата