На Бразил му требаше победа за прво место, но остана без неа и без Родригез (ВИДЕО)

3.07.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
На Бразил му требаше победа за прво место, но остана без неа и без Родригез (ВИДЕО)

Бразил и Колумбија ремизираа 1:1 во натпреварот од последното коло од групата Д на Копа Америка. На овој начин Бразил остана на второто место во рангирањето и во 1/4-финалето ќе се соочи со уште еден од фаворитите за трофејот – Уругвај.

Рафиња го отвори резултатот за Бразилците во 12. минута, но Даниел Муњоз израмни во самиот финиш на првото полувреме. Бодот беше доволен за Колумбија да ја задржи првата позиција. Следен противник на тимот е Панама.

Џејмс Родригез во борбата за топката веќе во седмата минута доби жолт картон, втор во групната фаза од натпреварувањето што значи и автоматска суспензија за следниот натпревар. Ѕвездата на бразилската репрезентација, стрелец на 24 гола и асистенција на 11 од нив во шампионската сезона на Реал, ќе има право да игра во полуфиналето, доколку Бразил стигне до него.

Двојки четвртфиналето Копа Америка:
Аргентина – Еквадор
Венецуела – Канада
Уругвај – Бразил
Колумбија – Панама

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата