Ред Бул Лајпциг го освои Купот на Германија

3.06.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ред Бул Лајпциг го освои Купот на Германија

Екипата на Ред Бул Лајпциг е освојувач на овогодинешното издание на Купот на Германија.

Во големото финале одиграно традиционално на Олимпискиот стадион во Берлин, тимот на Ред Бул го совлада Ајнтрахт Франкфурт, со конечни 2:0. Стрелци на погодоците беа Нкунку во 71. минута односно Зобозлаи во 85.

Самиот натпревар беше тврд како и секое финале но со добар ритам и динамика. Ред Бул искористи две од неколкуте ситуации кои ги имаше, додека тоа на спротивната страна не беше случај.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата