Лестер се врати во Премиер лигата

27.04.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лестер се врати во Премиер лигата

Поранешниот англиски шампион Лестер Сити повторно ќе го гледаме во Премиер лиата. „Лисиците“ успеја да изборат промоција во англиската елитна фудбалска лига по поразот на Лидс од КПР во петокот. Тоа значи дека Лестер дефинитивно ќе заврши на едно од првите две места во Чемпионшип затоа што по 44 одиграни кола има 94 бода, а до крајот има уште два натпревари. И ветеранот Џејми Варди ќе го гледаме на терените во Премиер лигата. Искусниот англиски напаѓач ќе си одеше од Лестер доколку клубот не избори враќање во елитата, но ете успеа, па Варди повторно ќе ги предводи „лисиците“.

А Лидс со убедливиот пораз на гости кај КПР (0:4) не успеа уште сега да го направи тоа, па ќе чека во наредните кола. Но во врат му дише Ипсвич кој има бод помалку и два меча помалку.
Да потсетиме екипите кои ќе се пласираат од третото до шестото место ќе играат плеј-офт за едно место во Премиер лигата. Првите двајца одат директно.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата