Легендата на Италија од 2006 година е нов тренер на Удинезе

22.04.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Легендата на Италија од 2006 година е нов тренер на Удинезе

Освојувачот на Златната топка во 2006 година и капитен на шампионската италијанска репрезентација која истата година го освои Светското првенство, Фабио Канаваро е нов тренер на Удинезе. Тој ја доби првата тренерска работа во Серија А.

Откако играше за Наполи, Парма, Интер, Милан, Јувентус и Реал, Канаваро играчката кариера ја заврши на Емирати настапувајќи за Ал Шабаб, а тренерската кариера досега ја мина исклучиво во Азија, тренирајќи кинески или блискоисточни клубови. Во 2019 година накратко беше селектор на кинеската фудбалска репрезентација, а во 2022 година го презеде второлигашот Беневенто.

Така, преземањето на Удинезе ќе му биде прва работа во Серија А, а ќе има тешка задача да го спаси Удинезе од испаѓање, со оглед на тоа што клубот е на 17. место, едно место пред зоната за испаѓање. Удинезе има уште шест натпревари за спас, со оглед на тоа дека има и натпревар од 32. коло против Рома, кој беше прекинат во 73. минута кога на теренот колабираше играчот на Рома, Еван Ндика.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата