Јирген Клоп наскоро би можел да има интересна работа

4.07.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Јирген Клоп наскоро би можел да има интересна работа

Јирегн Клоп беше на клупата на Ливерпул речиси една деценија и ги направи „црвените“ еден од најмоќните тимови во светот, но на крајот од минатата сезона реши да си замине.

Емоционално исцеден, трофејниот тренер реши да одмори и заедно со сопругата да ужива на егзотични дестинации, но наскоро ќе биде во искушение.

Имено, легендарниот голман Тим Хауард му ја понуди на Клоп функцијата селектор на САД по разочарувачкиот турнир на американската селекција на Копа Америка.

Хауард кој нема функција во репрезентацијата изјави дека лично ќе отпатува за Клоп и ќе го убеди да ја преземе селекторската функција.

„Подготвен сум да и помогнам на мојата земја на кој било начин. Горд што служам. Значи, ако јас бев одговорен за фудбалот во САД во моментов, ќе бев на аеродромот. Верувам дека би можел да направам многу убедлив случај за Јирген Клоп да ја преземе машката репрезентација на САД.

По разочарувањето од Копа Америка, откако САД загубија од Уругвај и беа елиминирани во групната фаза, јас лично ќе одлетам за Шпанија и навистина го мислам тоа. Знам дека Клоп е во пензија само неколку недели и знам дека сака одмор. Но, за време на состанокот во неговата вила во Шпанија, можев да го убедам да дојде. Парите секако ги има. Така што мојот предлог би бил едноставен. Би имал на располагање млада група играчи кои можат да играат прогресивен, напаѓачки фудбал исто како во Ливерпул. А за две години може да оди на најголемиот Мундијал во историјата“, додаде поранешниот голман на Манчестер Јунајтед и Евертон.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата