Во Баерн пристигна играч од над 50 милиони евра

7.07.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Баерн пристигна играч од над 50 милиони евра

Очекуваниот нов офанзивец на Баерн Минхен, Михаел Олисе веќе е во главниот град на Баварците. 22-годишниот играч пристигнува од Кристал Палас, а Германците наводно ја активирале неговата клаузула за ослободување од 53 милиони евра (45 милиони фунти). Следниот чекор се медицинските тестови.

Олисе е роден во Лондон од мајка француско-алжирец и татко Нигериец. Тој е француски интернационалец, но нема настапи во првиот тим. Крилото ќе биде дел од својата репрезентација за Олимпијадата во Париз летово.

Во својата кариера, Олисе ги помина академиите на Арсенал, Челзи, Манчестер Сити и Ридинг, а во Кристал Палас е од летото 2021 година.

Олисе имаше многу силна минатата сезона за Кристал Палас, постигнувајќи 10 гола и 6 асистенции на 19 натпревари. Тој беше поврзуван и со Манчестер Јунајтед, Челзи и Њукасл, но неговата желба е да игра во Баерн. Се очекува Олисе да потпише на 5 години со баварскиот гигант, откако веќе ги прецизираше личните услови.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата