Играчите на Тулуз најсанкционирани, а на ПСЖ со најмалку предупредувања

28.03.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Играчите на Тулуз најсанкционирани, а на ПСЖ со најмалку предупредувања

Во француската Лига 1 се покажани 876 жолти и 53 црвени картони заклучно со 26 коло од актуелната сезона. Тоа во просек е 3,73 картони на меч.
Тулуз е лидер по бројот на жолти картони. Овој клуб е лидер со 63 жолти картони за играчите но ниту еден црвен картон. 21 различен фудбалер имаат по еден жолт картон, а Арон Донјом е лидер со осум жолти картони. На второто место е Брест со 61, а трет Монако и Ленс со по 60 жолти картони.
ПСЖ е клубот кој има најмалку жолти картони досега, само 37.

Што се однесува до црвените картони, Ле Авр и Клермон се лидери со по шест црвени картони. Инаку од вкупно 53 црвени картони дури 39 се директни црвени картони.
А во досегашниот дел од сезоната ниту еден фудбалер не бил исклучен повеќе од два пати. Даглас Аугусто од Нант е играчот кој направил најмногу фаули оваа сезона во Лига 1 – 145.

Во петтото коло од сезонава биле покажани најмногу жолти картони и тоа 50. Најмногу црвени во 14 и 18-тото коло, по пет.
Најмалку жолти картони имало во второто и 11. коло, по 25. Во првото, петтото, шестото, 10, 20 и 25 коло немало ниту еден црвен картон.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата