Ги одби арапските пари, Силва изненади со изборот на новиот клуб

24.04.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ги одби арапските пари, Силва изненади со изборот на новиот клуб

Иднината на Бернардо Силва беше тема на разговор во последните месеци, а Португалецот се очекува да го напушти Манчестер Сити на лето. Најмногу интерес за неговите услуги покажа Барселона, која има силна конкуренција.

Според шпанските медиуми, и ПСЖ сака на лето да го направи трансферот на играчот од средниот ред. Истото го проба и минатата година, но безуспешно. Сега Силва ќе биде достапен за 50 милиони евра, откупна клаузула која станува активна од јули.

Францускиот шампион има очигледна предност пред Каталонците, секако финансиската. Не само што без проблем може да го плати трансферот, туку на Португалецот би можел да му понуди многу поголема плата од онаа што би ја имал во Барселона.

Бернардо Силва со тоа останува главна цел на Барселона во следниот преоден рок. Истата ситуација беше и лани, а дали сега ќе се реализира работата ќе видиме.

И, сигурно е дека ќе го направат. Според новинарот Феран Кореас, Бернардо Силва е „луд“ да игра за Барселона и сака да се пресели на „Камп Ноу“.

Тој има договор со Манчестер Сити до летото 2026 година, но се чини сака нов предизвик во кариерата. Јасно е дека играњето за Барселона би било поблиску до неговиот роден Лисабон.

Силва им рече „не“ на арапските пари. Манчестер Сити кој е во сопственост на Арапи сака да го задржи, а ПСЖ кој исто така е во сопственост на Арапи сака да го доведе и нема дилема дека и двајцата можат да му дадат повеќе пари од Барселона.

Бернардо Силва е дете на Бенфика. Пред да се пресели во Манчестер Сити, тој играше за Монако. За португалската репрезентација постигна 11 гола на 88 настапи.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата