Чави: Поради фановите одлучив да останам во Барселона!

25.04.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Чави: Поради фановите одлучив да останам во Барселона!

И официјално Чави Ернандез останува во Барселона и ќе биде тренер на каталонската гордост најмалку до јуни 2025, кога и му истекува договорот. Тој денеска покрај другот даде свое мислење затоа зошто одлучил да остане во Барселона, односно што го премислило да ја смени одлуката, а познато е дека пред неколку месеци беше дециден дека по завршување на сезоната ќе си оди:

Очигледно е дека довербата што ја имаме меѓусебно со раководството на клубот, со Лапорта, Деко е взаемна. Секако дека навивачите играа голема улога, тие го полнат стадионот, тие навиваат за нас, и една од причините, ако не и најголема, зошто се одлучив да останам, се токму фановите на Барса. Мислам дека ова е најдобра одлука за сите. Од сега па натаму одиме да работиме со уште поголем ентузијазам“ заврши Чави.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата