Прилепчанец пријавил дека го тепала жената, таа тврдела дека мажот бил насилен

26.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Прилепчанец пријавил дека го тепала жената, таа тврдела дека мажот бил насилен

На 25.05.2020 во 22.15 часот во ОВР Прилеп, 40-годишен маж пријавил дека околу 19.30 часот во домот каде престојува неговата сопруга (28), со која се во бракоразводна постапка, по претходна расправија, со остар предмет го удрила во пределот на грбот и му нанела повреда. Истиот ден, во 23.15 часот во ОВР Прилеп, сопругата пријавила дека околу 19.30 часот во нејзиниот дом, нејзиниот сопруг физички ја нападнал. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата