Игор Џамбазов е ЗАЉУБЕН!

26.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Игор Џамбазов е ЗАЉУБЕН!

Веќе неколку дена веста дека Игор Џамбазов има нова љубов е во центарот на вниманието. Дамата која го освои срцето на Игор, се разбира, судејќи по заедничките фотки кои ги објавуваат на социјалните мрежи е планинарката Илина Арсова. 

Тие периодов се заедно во Стар Дојран, а Џамбазов како и секогаш е особено инспириран за пишување, но како што заклучуваат пријателите, тоа е поттикнато од восхитот кон Илина. Игор кон крајот на 2019 година Игор изјави дека во неговиот живот нема место за жените, освен за неговата мачка Емче, но сега очигледно нештата се смениле, па за Илина има повеќе време иако велеше дека не може да ги трпи жените повеќе од два часа.

За потсетување, Иагор Џамбазов беше во брак со Искра Џамбазова, сега Канзурова од 1992 до 2006 година. Таа денес има среќен и успешен брак од кој има две деца.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Ние младите денес празнуваме...

A post shared by Игор Џамбазов (@igordzambazov) on

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата