Лука Јовиќ, приказна која веќе е добро позната. Минатото лето, Реал му плати на Анјтрахт 60 милиони евра, но засега српскиот фудбалер не ги исполни очекувањата.

И покрај ова, голем број на клубови застанаа во редот за Јовиќ, меѓу нив се Наполи, Арсенал и Милан. Сепак според последните информации тој по секоја цена сака да остане на „Сантијаго Бернабеу“.

Јовиќ беше во центарот на вниманието за време на карантинските денови, не само што ги прекрши мерките во Србија и без дозвола на Реал замина во Белград, тој успеа и да се повреди.

Лошите коментари упатена на неговата сметка се чини го мотивираа, сака да го убеди Зинедин Зидан и фановите дека местото му е во Мадрид.