Новак Ѓоковиќ се врати во Белград по два месеци престој во Марбеља поради пандемијата коронавирус. Тој на големо се подготвува за „Адриа Тур“, кој ќе го организира во неколку земји. На денешната прес-конференција најдобриот тенисер во светот откри тајна која ја криел два месеци.

„Имав шанса да тренирам секој ден за време на коронавирусот, бевме во куќа во која имаше тениски терен. Играв многу тенис на тврда подлога, но не сакав да ги споделувам тие моменти со јавноста, не сакав да ги збеснам противниците.

Физички се чувствувам добро, бев доста активен, работев според програма. Секако интезитетот беше помал бидејќи не се подготвувам за турнири, но на „Адриа Тур“ гледав доста сериозно“.