Ана Бекута се пријавила за државна помош од 100 евра, еве на што ќе ги потроши (видео)

25.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ана Бекута се пријавила за државна помош од 100 евра, еве на што ќе ги потроши (видео)

По укинување на вонредната состојба предизвикана од коронавирус, продолжено е снимањето на популарното натпреварување “Ѕвездите на Гранд“

Екипа на порталот “Ало“ ја затекнале на влезот на студиото пејачката и член на жирито Ана Бекута, каде што открила како се чуствува откога се укинати рестриктивните мерки во државата:

“Одлично се чуствувам, добро сум но ми недостасуваше работата и колегите“, рекла Ана и додала: “Ми недостасуваше одмор, тоа го сватив откако се се случи, да не се случеше оваа пауза и понатаму ќе работев“.

Многу естрадни личности изјавиле дека за време на изолација им недостасувале козметички третмани, фризери и шминкери, но фолк нивата рекла дека таквите услуги не и биле потребни. 

“Јас можам сама да ја мијам коста, да се исфенирам и нашминкам. Тоа не ми недостасуваше. Имав разни вклучувања во емисии и сама се шминкав“. Ана открила дека се пријавила за државна помош од 100 евра и рекла дек најверојатно ќе ги потроши на децата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата