Даниел Абт, германскиот возач во Формула Е е казнет со 10.000 евра затоа што мамел за време на хуманитарната виртуелна трка  со тоа што ангажирал професионален играч да се натпреварува во негово име.

Овој возач измамата ја направил во хуманитарната трка Formule E Race at Home Challenge на која се собирале пари за УНИЦЕФ. На турнирот на кој учествувале 22 возачи на Формула Е, Абт не собрал ниту еден бод и потоа повикал професионален играч да се натпреварува во негово име.

Абт го ангажирал 18-годишниот Лоренцо Херцинган кој се натпреварува во FE Challenge серијата, првенство за возачи во е-спорт. Абт направил скок на третото место на турнирот, но измамата веднаш е откриена па така е исклучен поради неспортско однесување.

Абт ќе треба да плати казна од 10.000 евра која ќе ја уплати во некоја хуманитарна организација.

„Им се извинувам на сите. Не сватив колку е ова сериозно. Жал ми е, затоа што знам дека вложивте многу труд во ова“, изјави Абт.