И НИЕ СВОЈ МИЛОЈКО ИМАМЕ, се чека и Сулејман со Емина да се појават во ријалити шоуто Парови

24.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
И НИЕ СВОЈ МИЛОЈКО ИМАМЕ, се чека и Сулејман со Емина да се појават во ријалити шоуто Парови

Не така одмана, порталите во регионот, од Софија до Австрија пишуваа за чудесната врска, а потоа и брак, на Милојко Божиќ (74) и Милијана Богдановиќ (21) од Србија. Деновиве тие добија сериозна конкуренција бидејќи во брак стапија сличен пар и во Македонија. Реисот, поглаварот на ИВЗ во Македонија Сулејман Реџепи (74) ја зема за жена Емина Јетиши (24) од Скопје. Јетиши е потпретседателка на огранокот на ДУИ во Студеничани.

Реџепи претходно 4 години беше „сингл“, а според традицијата за новите младоженци, реисот оваа година за празникот Рамазан Бајрам два пати ќе се бања, еднаш после ифтар, еднаш пред молитва.

Како и во случајот на Милојко и Милијана, и овој брачен пар Сулејман и Емина стана интересен за јавноста со многу коментари. Милијана и Милојко се појавија во ријалити шоуто Парови и заработија околу 120.000 евра, па во јавноста се очекува и овој чуден брачен пар да се појави во некое ријалити шоу и да ја убеди јавноста дека е во ред и сосема природно да се жениш со невеста помлада од внука.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата