Во моментов се прави подготовка за правење на првата трансплатација на срце во нашата земја, напиша на Фејсбук министерот на здравство Венко Филипче.
-Имаме, за жал, почината пациентка чие семејство се согласи да го донира срцето и пациент кој веќе подолго време чека донор. Се спремаат тимовите и доколку дозволи клиничката состојба во текот на вечерта ќе се изврши најпрво експлантација на срцето од донорот, а потоа и трансплатација, напиша Филипче.
Операцијата ќе се изврши на Клиниката за кардиохирургија каде ќе работи мешан тим на кардиохирурзи.
-Станува збор за исклучително тешка и ризична операција, да им посакаме среќа на докторите и на пациентот, напиша Филипче.