Венецуелска војска распоредена и на границата со Колумбија

23.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Венецуелска војска распоредена и на границата со Колумбија

Венецуeлските власти наредиле испраќање на војска во близина на границата со Колумбија, соопшти денеска оперативната команда на националните вооружени сили.

„Следејќи ги инструкциите на нашиот врховен командант Николас Мадуро, командант на Стратешката оперативна команда на вооружените сили, Ремиџо Себаљос нареди испраќање на војска на границата меѓу Колумбија и Венецуела со цел да се гарантира мирот и безбедноста на граѓаните по затворањето на границата“, се вели во соопштението на Твитер, а пренесе новинската агенција „Тасс“.

Во четвртокот претседателот Мадуро нареди затворање на границата со Бразил, а вчера потпретседателот Делси Родригез нареди привремено затворање на три мостови кои ги поврзуваат Венецуела и Колумбија.

Поддржувачите на лидерот на опозицијата на Венецуела, Хуан Гваидо планираа да се внесат неколку тони хуманитарна помош и медицински потрошен материјал преку сега затворени граничните премини, а кои беа испратени од страна на администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата