Тетовец покрај локален пат пронашол ракетен фрлач од СФРЈ

23.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тетовец покрај локален пат пронашол ракетен фрлач од СФРЈ

Тетовец пронашол рачен ракетен фрлач, покрај локалниот пат за селото Селце, на место викано Црн камен.

МВР соопшти дека полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека се работи за ракетен фрлач РБП 64 мм М 80 од СФРЈ.

Рачниот фрлач бил подигнат од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување и предаден за понатамошна постапка.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата