Пејачката открила зошто не отишла на погребот на својот омилен колега

22.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пејачката открила зошто не отишла на погребот на својот омилен колега

„Јас на пријателите не им одам на погреб. Таа личност повеќе не е тука и не знам... Тоа е болна и стресна традиција. Не можам. Мислам дека не можам да поднесам“, рекла Јелена Карлеуша непосредно по смртта на колешката Дона Арес, а истото го мисли и за кралот на фолкот Шабан Шаулиќ, кој всушност и беше најголемата поддршка уште од самиот почеток на музичката кариера. 

Дека тагува деновиве беше јасно како ден, бидејќи од смртта на колегата речиси сите објави на социјалните мрежи и беа посветени на легендарниот пејач.  

Шаулиќ беше погребан денес на гробиштата во Белград. На погребот присуствуваа повеќе од 5000 негови роднини, пријатели, но и обожаватели од целата земја. Во вечниот дом Шаулиќ беше испратен со звуците на неговата „Не плачи драга“ која тој своевремено и ја отпеа на сопругата Гордана. Шаулиќ почина по повредите здобиени во тешката сообраќајна несреќа во Германија, каде имаше настап. Во несреќата загина и неговиот музичар и возач, додека третиот сопатник се уште е на болничко лекување.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата