ВЛАДАТА ЈА КОРИГИРАШЕ УРЕДБАТА: Се отстранува условот управители и сопственици да не може да ја користат мерката за плати

9.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ВЛАДАТА ЈА КОРИГИРАШЕ УРЕДБАТА: Се отстранува условот управители и сопственици да не може да ја користат мерката за плати

Владата направи измена на Уредбата за поддршка на работодавачите од приватниот сектор погодени од здравствената економска криза, заради исплата на плати за април и мај, објави министерката за финансии, Нина Ангеловска на Фејсбук.

Флексибилноста, брзата реакција и слухот се клучни во менаџирањето на ваквата кризна состојба. Денеска на владина седница донесовме измена на уредбата. Делуваме во насока на поддршка на стопанството и задржување на секое работно место!, стои во објавата на министерката.

Како што појаснува дека во насока на заштита на микро и мали фирми се отстранува условот управители и сопственици на бизнисите вработени во истите да не може да ја користат мерката и бројот на вработени треба да се задржат два месеца по користење на мерката, односно до јули 2020

Повеќе информации за мерката, аплицирањето и условите bit.ly/merka-14500

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата