Мајка и четиримесечно бебе од Кочани ИМААТ КОРОНА

9.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мајка и четиримесечно бебе од Кочани ИМААТ КОРОНА

На Клиниката за инфективни болести во изминатите 24 часа се примени пет нови пациенти. Во моментов вкупниот број на хоспитализирани пациенти на Клиниката изнесува 68 од кои со потешка клиничка слика се 20, а седум се во критична состојба.

За ова денеска на прес-конференција информираше министерот за здравство Венко Филипче на која ги соопшти веќе објавените податоци дека 46 лица се новозаболени со коронавирусот со што вкупниот број се искачи на 663.

-На Клиниката е примена мајка и четиримесечно бебе од Кочани кои во моментот имаат стабилна клиничка слика, секојдневно се пратат од страна на педијатар со некоја сосема лесна форма на анемија и исип. Бебето е во стабилна здравствена состојба и без потреба од респираторна поддршка, истакна Филипче.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата