Се затвора ресторан познат по супа од змиско месо! Корона вирус влијаел на муштериите после 30 години работа (видео)

9.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Се затвора ресторан познат по супа од змиско месо! Корона вирус влијаел на муштериите после 30 години работа (видео)

Познатиот ресторан во Хонг Конг, познат по супа од змиско месо, ќе биде затворен овој месец после 30 години работа, поради недостаток на муштерии поради епидемија на корона вирус, пренесува Ројтерс

Ресторанот Ши Вонг Ји, во Хонг Конг, познат по својата супа од змиско месо, има ѕвезда на Мишелин и се наоѓа на листа на пристапни ресторани.

Менаџерот на ресторанот изјавил дека работата почнала да се намалува кон крај на јануари, после Кинеската Нопва година. Во овој период број на заразени со корона вирус почнал да расте и се помалку луѓе оделе во ресторани. Ресторанот тогаш забележал пад во работата за 70 отсто. Тој моментално има загуба од 25.800 долари за месечна отплата за наемнина на објектот, плата за работниците и за купување на намирници.

Еден од вработените во ресторанот во кој работи 20 години рекол дека се надева на повторно отварање на ресторанот.

“Освен мојот дом, ова е место за кое најмногу се приврзав“, рекол тој.

Многу ресторани, барови и продавници во Хонг Конг се затворени поради епидемија на корона вирус, барем привремено.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата