НЕВЕРОЈАТНО! За прв пат после 30 години Хималаите може да се видат од 200 километри (ФОТО)

9.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
НЕВЕРОЈАТНО! За прв пат после 30 години Хималаите може да се видат од 200 километри (ФОТО)

Поради мерките воведени заради коронавирусот во светот има значително намалување на загадувањето на воздухот. Па така, за прв пат после неколку децении Хималаите во Индија може да се видат на оддалеченост од 200 километри.

Причината за ваквата слика се рестрикциите од локалните власти заради контрола на проширувањето на коронавирусот во земјата.

Жителите на градот Јаландхара, во сојузната индиска држава Панџаб, велат дека глетката не е забележана повеќе од 30 години.

Според Светската здравствена организација, се проценува дека во Индија во 2012 година од загадениот воздух починале 1,5 милиони луѓе.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата