Херта од пред неколку дена се врати на тренинзи, се разбира под специјална програма се работи во клубот од Берлин, инаку член на Бундеслигата. Сепак главно прашање е кој ќе седне на жешкото тренерско столче, кое е испразнето по заминувањето на Јирген Клинсман, откако и неговиот помошник Александер Нури не се прослави како ВД тренер.

Според БИЛД, тоа треба да биде Брно Лабадија (54), некогаш голема фудбалска ѕвезда во Бундеслигата. Тој веќе ги договорил сите услови со раководството на Херта, и се очекува негова промоција во секој момент. Тој треба за две годиини да биде платен со 3 милиони евра, но затоа прво треба сезонава да се погрижи Херта да не испадне, а во следната да излезе во Европа. 

Тој како фудбалер беше член на повеќе клубови во Германија, а како тренер работел во екипите на Дармштат, Гројтер Фурт, Леверкузен, Хамбургер, Штудгарт, Волфсбург.