По цели 24 години откако за првпат играше во Европа, првиот ривал беше Шкотски Данфермлајн, патем беше елиминиран, во таа 1985 година беше се поинаку.

Вардар тогаш имаше супер тим, еден од најдобрите во историјата. Во рамките на 1.коло во Купот на УЕФА, Вардар за ривал го доби Динамо Букурешт. Првиот меч на 18. септември 1985 година, вардарци го одиграа во Букурешт, иако водеа со голот на Рингов со 1:0, сепак на крајот домашниот тим славеше со 2:1.

Реваншот во Скопје беше закажан за 2 октомври. Нормално, на Градски имаше 25.000 френетични навивачи кои бараа победа и пласман понатаму.

И таа победи дојде, и тоа со голот на Гордан Здравков во 46. минута. Сосема доволно за пласман во следната фаза и двомеч со Данди Јунајтед. Но, за тоа во некоја идна прилика.

Победата над тимот од Романија ја донесоа Грошев, Симовски, Канатларовски, Сетинов, Јаневски, Здравков, Урошевиќ, Панчев, Савевски, Рингов, играа и Најдоски, Горачинов. Според имињата веројатно ова е најсилниот тим на Вардар во 80-тите години од минатиот век. Тренер на оваа генерација беше Вукашин Вишњевац.