КОРОНАВИРУСОТ ја одложи венчавката на Џенифер Лопез

8.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
КОРОНАВИРУСОТ ја одложи венчавката на Џенифер Лопез

Таа имаше во план да ја круниса својата љубов во брак, но плановите очигледно се промениле.

Пејачката Џенифер Лопез во гостувањето на интернет-шоуто Ellen DeGeneres Show изјави дека заедно со нејзиниот дечко Алекс Родригез не утврдиле датум за нивниот посебен ден поради пандемијата.

„Всушност, тоа влијаеше малку, па ќе видиме што ќе се случи  сега. Искрено, навистина не знам што ќе се случи сега “, рече Лопез.

Двојката, како и многу други, го поминуваат своето време во карантин во Мајами со своите деца. Алекс има две ќерки поранешната врска, Наташа и Ела, додека Џенифер Лопез е мајка на близнаците Ема и Максимилијан.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата