Јанакиески пуштен во домашен притвор, Ристовски останува во Шутка

22.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Јанакиески пуштен во домашен притвор, Ристовски останува во Шутка

Миле Јанакиески е пуштен во домашен притвор.

– Жалбата на М.Ј. се уважува, па мерката притвор се заменува со мерка куќен притвор во траење од 30. дена, стои во соопштението од Судот.

За разлика од него, поранешниот министер за труд и социјала Спиро Ристовски останува во притвор во Шутка.

– Жалбата на С.Р. се одбива како неоснована, стои во соопштението на Судот.

Вчера се потврди информацијата дека двајцата биле нападнати во затворот, а од болница се огласија дека кај Миле немало видливи и тешки повреди.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата