Утре продолжува расправата за одземање на имунитетот на Вељаноски

22.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Утре продолжува расправата за одземање на имунитетот на Вељаноски

Утре напладне треба да продолжи седницата на собраниската Комисија за деловничко-мандатни и имунитетни прашања, на чиј дневен ред е барањето за одобрување притвор на пратеникот Трајко Вељаноски, поднесено од Одделението за организиран криминал и корупција при скопскиот Кривичен суд поради сомнение за вмешаност во настаните од 27 април.

Претседателот на Комисијата, Павле Богоевски ја презакажа за утре седницата откако за збор се пријавиле повеќемина говорници.

Во текот на дискусијата која продолжи попладнево по получасовната пауза, повторно имаше препукување меѓу пратениците од власта и опозицијата, дали да му се одземе имунитетот на Вељаноски.

Вељаноски заедо со ексминистрите од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Јанкиески и Спиро Ристовски завчера беше приведен на распит по наредба на Јавното обвинителство под сомнение за вмешаност во настаните од 27 април. Велјаноски се повика на пратеничкиот имунитет, додека на поранешните министри Јанакиески и Ристовски им беше одредена мерка 30-дневен притвор. Според Деловникот, Комисијата е должна да го разгледа барањето на судот и во рок од два дена да го достави до претседателот на Парламентот. По добиенот извештај од Комисијата, Собранието најдоцна во рок од три дена треба да одлучува на пленарна седница. Одлуката за одземање на имунитетот се носи со просто мнозинство од вкупниот број пратеници.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата