Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин во интервју за словенечкиот весник „Екипа“ зборуваше, меѓу другото, и за тоа како ќе заврши првенството во Англија.

УЕФА веќе го изрази ставот дека продолжувањето на сезоните е приоритет, колку и да трае тековната сезона.

„Едноставно не гледам начин Ливерпул да не биде шампион. Ако сезоната продолжи, Ливерпул има се во своите раце. Теоретски, сè уште не е готово, но практично сите знаат што ќе се случи”, вели Чеферин.

„Ако сезоната не продолжи, во секој случај ќе биде потребно да се најде начин да се прогласат шампиони. И во овој случај, не можам да замислам сценарио според кое Ливерпул не би бил шампион”, изјави првиот човек на УЕФА .