НЕ МРДНАЛ ОД СЕЛОТО, А СЕ ЗАРАЗИЛ: Жител на село Подлог има коронавирус

6.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
НЕ МРДНАЛ ОД СЕЛОТО, А СЕ ЗАРАЗИЛ: Жител на село Подлог има коронавирус

Ниту бил во странство, ниту, пак, се дружел со некого, но 41-годишен маж од село Подлог се заразил со Ковид-19. Единствен контакт со надворешниот свет му биле болниците. За неполн месец тој трипати било во Скопје на ехо-преглед. Лицето кое се грижи за мажот кој е со хронични заболувања, не сакаше да му се открие идентитетот од страв дека ќе биде стигматизиран во средината во која живее.

Сe започнало кон крајот на март кога неговиот вујко се разбудил со трески и вртоглавици. Откако виделе дека состојбата му се влошува и има покачена температура, во четвртокот со приватно возило го однеле во кочанската болница. Во петокот вечер состојбата му се влошила и итно бил хоспитализиран на инфективно во Штип, каде што утврдиле дека вујко му е позитивен на корона вирус.

Во четвртокот го однесов во кочанската болница, од каде што го препратиле на Инфективно во Штип. Цело време бев со докторите и со него во просторијата. Го прашуваа дали имал контакт. Тој рече дека бил само во Скопје, со никој друг немал контакт. Го однесоа во Штип, па го вратија. Ми рекоа нема потреба од страв, нема симптоми за коронавирус, ништо не е страшно. Ми рекоа дека ќе лежи во болница, па ќе ме известат, изјави соговорник на телевизијата „Алфа“.

Бидејки воопшто не се сомневале дека е болен од корона семејството не носеле маски, па поради тоа цело семејство, како и сопственикот на возилото со кое го транспортирале се ставени во изолација. Станува збор за шесточлено семејство кое е на работ на егзистенција. Животот го поминуват со скромни 7.000 денари, па како што велат изолацијата дополнително им ја загрозува егзистенцијата. Молат мобилните општински тимови да им однесат храна за да преживеат.

-Тие 14 дена, не се ден или два. Ние сме на една социјална помош што ја земат баба ми и вујко му, околу 7000денари. Со овие пари што попрво да направеме. Дали сметки да се платат, да се купи храна или хигиенски средства. Никој не е вработен, немаме никакви придонеси. Многу е лоша ситуацијата, изјави соговорникот за „Алфа“.

Од Центарот за јавно здравје не откриваат како пациентот се заразил од корона и уште колку лица поради тоа што сакале да му помогнат, а не носеле маски се ставени во изолација.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата