Коронавирусот во Кина почнува да се смирува. Починаа повеќе од 3.300 лица, а животот почнува да се нормализира.

Патеката во Шангај каде што се вози ГН на Кина во Формула 1, веќе се подготвува за да се вози на неа, иако не е познато дали и кога болидите ќе возат по неа.

Оваа седница „Порше“ организираше настан на патеката кој минал без присуство на јавноста. Според првите неофицијални информации, 26 јуни е терминот кога ќе треба да се одржи првата трка на оваа патека, во ГТ шампионатот.

Организаторите на трката веќе побараа трката да се одржи во летните месеци, затоа што термините во ноември и декември не одговораат поради ниските температури.