Првите луѓе на НБА лигата најавија дека платите на кошаркарите може да се намалат и до 50 проценти поради паузата во сезоната поради светската пандемија.

Намалувањето се очекува да стапи на сила од 15 април. Синдикатот на играчите, од своја страна, прифаќа намалување на платите до 25 проценти, почнувајќи од мај.

И двете страни разговараат за опцијата во случај преостанатите натпревари во регуларната сезона во НБА да бидат откажани.