Играчот од средниот ред на Баерн Минхен, Томас Милер постигна договор со клубот за продолжување на соработката. Членот на германската фудбалска репрезентација, ќе остане во дресот на баварците до 30 јуни 2023 година.

Како што е познато, Баерн беше во разговори со четворица свои фудбалери чии договори завршуваа ова лето: Милер, Мануел Нојер, Давид Алаба и Тиаго Алкантара. Секој од нив треба да се договори со клубот дали ќе остане на „Алианц Арената“ и по завршувањето на оваа сезона.

Милер очигледно немаше други планови, па се реши кариерата да ја заврши токму во Минхен.