Фолкерот приведен - ГО НАЧЕКАЛЕ НА КУПЧЕ ВО ПОЗНАТ ХОТЕЛ!

4.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фолкерот приведен - ГО НАЧЕКАЛЕ НА КУПЧЕ ВО ПОЗНАТ ХОТЕЛ!

Фолкерот Радиша Трајковиќ или попознат како Џани заедно со сопругата, синот, неговата девојка, фудбалерот Александар Пријовиќ и уште дваесетина други лица се уапсени во познат белградски хотел затоа што ја прекршиле забраната за собирање во група. Сите биле затекнати како уживаат во пијачките што им биле послужени во лобито на хотелот.

Од тамошниот МУП е соопштено дека на осомничените им е одредено задржување до 48 часа, по што и ќе бидат соодветно санкционирани. Инаку, на товар им се става кривично дело Непостапување по здравствени прописи за време на епидемија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата