Ретко кој наш фудбалер имал можност да игра против Ливерпул, уште поретки се тие кои ќе добијат шанса да му дадат гол на еден од најголемите клубови во светот. Македонскиот репрезентативец Ферхан Буба Хасани, не само што му даде гол на тимот од „Енфилд“, туку му даде и велемајсторски гол, веројатно тоа е најубавиот погодок на Буба во својата кариера. На 16 јули 2014 година, Хасани во дресот на Брондби во таа 90.минута ја „измеша“ одбраната на Ливерпул во пријателски натпревар. Тоа беше гол за победа од 2:1, но каков гол. Не се опишува, само погледнете го видеото и уверете се дека и Македонија има фудбалски велемајстори кои можат да го „шекнат“ Ливерпул.

Кога сме кај “редси“ да кажеме и тоа дека во таа 2014 година на клупата баше Брендан Роџерс, а на тој меч против данскиот тим играа и Џонс, Кели, Агер, Шкртел, Смит, Фланаган, Лукас, Кутињо, Ален, Сусо, Борини, Филипс, Тешеира и др. Вечерта по мечот, а и утредента, немаше медиум во Англија во кој што не се споменуваше победата на Брондби, со посебен акцент на прекрасниот гол на Македонецот Хасани.