Може ли коронавирус да опстане на коса и колку често треба да се мие за време на пандемија

3.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Може ли коронавирус да опстане на коса и колку често треба да се мие за време на пандемија

Совет е редовно и детално да миеме раце за време на пандемија, но што е со нашата коса?

Хејлд Кинг, дерматолог од Америка ја објаснила дилемата врзана за коса.

- Струдиите покажале дека корона вирус може на картон да преживее 24 часа, на метла два дена, а на пластична кеса дури 3 дена, но косата не е тестирана – вели таа.

Сепак, др. Сад Омер директор на Универзитет од Јеил за глобално здравје рекол дека иако не знае дека било кој тестирал коса за корона вирус, не мисли дека ковид-19 живее на коса еднакво долго како на останатите површини.

- Обично вирусите преживуваат кусо на порозни површини како што е коса отколку на глатки површини како што е челикот – објаснил тој.

Др. Адам Фридман дерматолог од медицинско школо Џорџ Вашингтон вели дека тоа зависи од околностите во кој се наоѓа косата.

- Ако се отргнат неколку прамени од коса и некој кој има коронавирус кивне на праменот, дали вирусот би се задржал на таа коса која не е дел од човечкиот систем? Од она што гледаме доста е можно дека на таа површина би можел да живее три дена. Но ако коста е врзана за теме тоа би било друга приказна – уверува Фридман.

Влакната врзани за теме имаат природно масло кое делува како заштита, а имаат и некои антиботски својства и така ги ограничуваат микроорганизмите да се врзат за влакното.

Сепак неможеме да се потпреме само на произвотство на природно масло особено затоа што типот на коса се разликува од личност до личност.

Др. Кинг препорачува да се мие косата почесто од порано, особено ако сте биле во околина која би можела да биде контаминирана. Правило кое важи за лице важи и за коса – ако сте надвор немојте да ја допирате.

- Теоретски вирусот може да се пренесе со раката на коса, но ако прстите ги вовлечете во косрта, тогаш постои мал ризик – заклучила таа.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата