„Ќе произведуваме 3 милиони дози неделно“ – Тутунската компанија ПРЕТЕНДИРА ДЕКА ЈА ПРОНАШЛА ВАКЦИНАТА, но бара поддршка од британската Влада

2.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Ќе произведуваме 3 милиони дози неделно“ – Тутунската компанија ПРЕТЕНДИРА ДЕКА ЈА ПРОНАШЛА ВАКЦИНАТА, но бара поддршка од британската Влада

Производителот на цигари „Benson & Hedges“ и „Lucky Strike“ тврди дека развиле вакцина против Ковид-19, направена од растенијата на тутунот.

Компанијата тврди дека може да произведе до три милиони дози неделно, почнувајќи од јуни, доколку добие поддршка од Владата на Обединетото Кралство. Непотврдената вакцина во моментот се тестира на животни, иако британско-американскиот гигант во тутунската индустрија повикува на забрзување на процедурите, во спротивно целиот процес може да трае една година, а интервенцијата во јуни би била невозможна.

Фирмата која со седиште е во Лондон додаде дека ќе ги продаде тестовите на владата без да оствари никаков профит

На фирмите за тутун во моментот им е забрането да склучуваат договори со владите според правилата на Светската здравствена организација, но компанијата за која станува збор соопшти дека контактирала со Државната агенција за храна, лекови и социјална заштита за нејзината вакцина.

Вакцината ја развива помошната фирма на компанијата, „Kentucky BioProcessing“ во САД, користејќи технологија на растенијата на тутунот.

„Kentucky BioProcessing“ има претходно искуство во борбата против ваквите ескалации. Таа помогна во развој на ефикасен лек за ебола во 2014 година, наречен „ZMapp“.

Истражувачите на„Kentucky BioProcessing“ успеаја да клонираат дел од генетската секвенца на коронавирусот и развија потенцијален антиген кој би можел да го намами телото за имунолошки одговор што и реално е потребно за да се бори против вирусот.

Ова значи дека телото ќе знае како да го третира вирусот ако е заразено, така што може да се ослободи од него пред да покаже симптоми.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата