Куманово повторно бара целосна изолација на градот

2.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Куманово повторно бара целосна изолација на градот

Куманово повторно побара од властите да прогласат целосна изолација на градот.

„Бараме од Влада на Република Северна Македонија целосна изолација (карантин) на град Куманово со точно утвредени протоколи за однесување на институциите, граѓаните и правните субјекти со контролни пунктови на влезови и излези во градот“, соопшти општината по состанокот на Општински штаб за заштита и спасување.

Општината апелира до граѓаните да се придржуваат согласно препораките на Министерство за здраство и Владата да се однесуваат одговорно спрема себе и спрема другите околу нив.

Куманово е втор град по бројот на потврдени случаи на коронавирус. Од вкупно дијагноситицирани 384 лица, од Куманово се 62.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата