Доктор Барбов: Тоа што сега го гледаме е само врвот на ледениот брег

2.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Доктор Барбов: Тоа што сега го гледаме е само врвот на ледениот брег

Директорот на Клиниката за неврологија д-р Иван Барбов преку статус на ФБ изразува чудење зошто сите се изненадени од бројот на позитивно тестирани пациенти.

Неговиот статус ви го пренесуваме во целост.

- Незнам зошто толку ве изненадија позитивните тестови во Систина. Тоа што сега го гледаме е само врвот на ледениот брег.
Колку повеќе се тестира, ќе има повеќе позитивни.
Но мора да кажеме дека најголем процент од позитивните ќе се со лесна клиничка слика или асимптоматски носители, пишува д-р Барбов на ФБ.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата