Ковид-19 остави без работа 30.000 луѓе во Бугарија

2.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ковид-19 остави без работа 30.000 луѓе во Бугарија

Од воведувањето вонредна состојба во Бугарија на 13 март поради избивањето епидемија на новиот коронавирус, без работа останале 31.643 работници, односно околу 2.943 луѓе секој ден останувале без работа, пренесува „Спутник“.

Врвот, според овој показател, бил забележан вчера кога во Бирото за вработување се пријавиле 4.777 лица, соопшти бугарската министерка за труд и социјална политика, Деница Сачева.

Сачева наведе дека работата ја изгубиле главно вработени во турзимот, хотелиерството и ресторанскиот бизнис, како и во приватната трговија.

Во Бугарија досега се потврдени 449 случаи на зарзазни со Ковид-19, од кои 10 лица починале.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата