НАТО ќе испорача медицинска помош за сојузниците

1.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
НАТО ќе испорача медицинска помош за сојузниците

НАТО ќе ја забрза испораката на медицинска помош на сојузниците кои се најмногу погодени од вирусот, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„Ја мобилизираме поддршката на сојузниците за да им помогнеме на оние кои имаат очајна потреба“, рече Столтенберг во интервју за „Ројтерс“.

Столтенберг додаде дека турски авион денеска ќе испорача медицинска опрема за Шпанија и Италија.

Столтенберг пред состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО, оцени дека коронавирусот претставува „глобална здравствена криза“ и нагласи дека „НАТО ја дава својата улога за да помогне во заедничката борба против невидливиот непријател“.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата