(Видео) Коронавирусот не знае за религија и граници, Антонио Бандерас повикува на солидарност

1.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Коронавирусот не знае за религија и граници, Антонио Бандерас повикува на солидарност

Познатиот шпански актер Антонио Бандерас се приклучи на списокот на јавни личности кои на секој начин се обидуваат да ја подигнат свеста на луѓето во борбата против коронавирусот.

Славниот актер сподели многу емотивно видео на својот профил на „Инстаграм“, испраќајќи порака за сите.

„Коронавирусот не знае за раса, пол, религија или граници. Сите сме во тоа заедно и повеќе од кога и да е потребна е солидарност. Бидете љубезни. Бидете безбедни. Бидете паметни“, напиша Бандерас.

Шпанија во моментов е една од најзагрозените земји, а бројот на починатите од коронавирус во таа земја се зголемува секој ден.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата