Прв смртен случај од коронавирус во српската влада – почина државeн секретар

1.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Прв смртен случај од коронавирус во српската влада – почина државeн секретар

Српските медиуми јавуваат за прв смртен случај од коронавирус во српската влада – починал државниот секретар.

Државниот секретар во Министерството за животна средина, Бранислав Блашиќ, починал од коронавирус, јавува B92.net повикувајќи се на неофицијални извори.

Бранислав Блашиќ е роден на денешен ден во 1957 година во Кикинда. Тој беше основач на Српската напредна партија и член на претседателството.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата