Почина српскиот државен секретар во министерството за животна средина - причината за смртта КОВИД 19

1.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Почина српскиот државен секретар во министерството за животна средина - причината за смртта КОВИД 19

Државниот секретар во Министерството за животна средина на Србија, Бранислав Блажиќ денеска почина од коронавирус, јавуваат српските медиуми.

Блажиќ кој е од Кикинда, едно од жариштето во Србија на коронавирусот, пред пет дена бил приклучен на респиратор и тогаш неговата состојба била стабилна. Но, денеска му се влошила, што резултирало со смрт.

Инаку Бранислав Блажиќ е роден на денешен ден во 1957 година, тој е специјалист по општа хирургија, и зад себе остави три деца.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата