ВАЖНИ ВЕСТИ ОД ИТАЛИЈА: Епидемијата го достигна врвот и следи пад, но не е се готово

31.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ВАЖНИ ВЕСТИ ОД ИТАЛИЈА: Епидемијата го достигна врвот и следи пад, но не е се готово

Шефот на италијанскиот здравствен институт, д-р Силвио Брусаферо, изјави дека епидемијата со коронавирусот го достигнала својот врв во земјата и сега треба да започне падот на нови случаи.

Италија е во третата недела од забраната за движење, а Брусаферо истакна дека би било глупаво да се намалат мерките на италијанската влада кои се покажаа како продуктивни, што подразбира забрана за движење и останување дома.

Кривата сугерира дека сме на врвот. Мора да го потврдиме тоа, затоа што достигнувањето на врвот не значи дека се е готово. Тоа значи дека треба да започнеме максимално да внимаваме на се она што го правиме секој ден“. рече тој.

Денешните бројки објавени од италијанската агенција за цивилна заштита го потврдуваат падот, со 4.053 нови заразени, што е вкупно 105.792 случаи.

Италијанските епидемиолози сметаат дека се на врвот во борбата со вирусот, со оглед на тоа што сите броеви, освен бројот на смртни случаи, опаѓаат, додека бројот на излекуваните расте.

За еден ден, излечени се 1.109 лица, 4.023 на интензивна нега и 45.420 на домашно лекување.

Сепак, Италијанците исто така бараат голема претпазливост, бидејќи ширењето на заразата може да продолжи доколку се остави, или ако не се почитуваат пропишаните мерки.

Стапката на смртност во Италија стигна до  10,6 проценти, што ја  прави највисока во светот. Кај лицата над 80 години таа е на високи 28%

Најпогодена е покраината Ломбардија, во која бројот на нови случаи опаѓа и во последните 24 часа се регистрирани 1.047 заразени лица, а 458 починаа.

Од избувнувањето на епидемијата, во Италија се заразени 105.792 лица, додека 12.428 починале.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата