Реал Мадрид е гигант, „кралевите“ се најголемиот клуб во светот, тука нема дилеми, но дали и таков клуб може да си дозволи грешка при купување на нов играч? По цели 15 години по настанот, одново се „вади од нафталин“ најшокантниот трансфер кој Реал Мадрид го направил, односно купил играч. Погодувате, тоа е некогашниот дански репрезентатовец Томас Гравесен кој во јануари 2005 година дојде меѓу „галктикосите“ на „Сантијаго Бернабе“. Остана речиси две години, одигра солидни 50 натпревари.

Но проблемот е како дојде во Реал?

ТРЕБАЛО ДА ПОТПИШЕ ЛИ КАРСЛИ!?

Меѓу ѕвездите од типот на Зидан, Р. Карлос, Роналдо, Бекам, Фиго, Раул и останатите, требало и некој да ја врши „прљавата“ работа. А во Реал, по заминувањето на Клод Макалеле, немало таков. Па скаутите на клубот се растрчале низ Европа, и го предложиле еден „келавко“ од Евертон. Бил многу силен физички, знаел фудбал, но и не бил многу скап. Како што пишува извесен Крис Свини во автобиографијата на  Гвравесен, се чини дека изборот паднал на Ли Карсли кој тогаш во Евертон носел број 26. Но во исто време во тимот од  „Гудисон“ исто така играл „келавко“, исто физички силен, само тој се викал Томас Гравесен а бројот на дресот му бил 16. Неверојатно. Инаку и Свини во дел од книгата најавува дека можеби имало грешка.

Последниот збор го имале скаутите, и тие го предложиле Карсли, а не Гравесен. И кога дошол Данецот на „Сантијаго Бернабе“ овие се шокирале, така барем вели „приказната“, а Реал нели е најголем клуб, морал по секоја цена да се вади, па да не излезе срамот на виделина, потпишал со Гравесен и го промовирал.

Верувале или не. Дали ова е вистина, или не? Којзнае. Веројатно само Перез, кој и тогаш беше прв човек на „кралевите“.