ПОЧИНАТО ЛИЦЕ НАЈДЕНО ВО БИТОЛА - Било во самоизолација 13 дена?!

30.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ПОЧИНАТО ЛИЦЕ НАЈДЕНО ВО БИТОЛА - Било во самоизолација 13 дена?!

Битола има денес уште еден починат човек, 66 годишен маж кој бил во самоизолација од пред 13 дена, со благи симптоми на заболување. Според расположивите информации, човекот бил во странство, се вратил, и потпишал изјава за самоизолација.

Откако неколку пати не се јавувал на телефон и не отворал, а соседите не го виделе да излезе, полицијата ја обила вратата.

Според информациите, постмортум му е земен брис од епидемиолог од центарот за јавно здравство и пратен е на анализа во Скопје.

Резултатите официјално утре. 

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата